ВИДЕО: „КРУГ“- Слушнете го првиот сингл на Никола Мицевски

Фото: Промо

Никола Мицевски во својот прв сингл “КРУГ”, го пренесува целото негово музичко и животно искуство…

Моментално еден од најекспонираните македонски композитори Никола Мицевски, или Човекот Музика како што го нарекуваат неговите колеги, официјално не почести со својот прв сингл “KРУГ,  фантастична најава за неговиот прв албум “NEW ERA”

Фото: Промо

-“World Fusion” музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е “Круг”… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме! Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на “Круг” му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена “КРУГ” – Никола Мицевски.

Автор на видео спотот е Даниел Јовески, а музиката е снимена во XL студиото на Дејан Момировски.

Никола Мицевски клавир, Зоран Костадиновски – гитара, Иван Кукич – Бас, Благоја Антовски – тапани, Петар Христов – сопран саксафон.

Гудачка секција: Владимир Крстев, Илија Филиповски, Верица Ајтовска, Дијана Мирчевска, Марија Трајковска, Емил Чичоновски.

Костимографија: Андреј Папаз и Даниел Јовески.

Улоги: Јулијана Митревска, Андреј Димовски, Михаил Талев, Мендо Вељановски.

Уживајте…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот