ВИДЕО: „Кралска“ вечер во Билбао, Белингем стрелаше на дебито за Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Miguel Tona

Фудбалерите на Реал Мадрид со победа ја започнаа новата сезона во „Ла Лига“, откако во првото коло на гостински терен го совладаа Атлетик Билбао со 0:2.

„Кралевите“ очигледно се решени да остават многу подобар впечаток од минатата сезона и да бидат поконкурентни за титулата во Шпанија, а тоа можат да го направат токму на овој начин – со победа на „жежок“ терен, и тоа на „Сан Мамеш“.

Двата гола беа реализирани во текот на првото полувреме во период од осум минути.

Првиот погодок беше дело на Родриго во 28 минута по асистенцијата на Карвахал.

А вториот гол го реализираше новото засилување на Реал, Белингем во 36 минута, асистент беше Алаба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот