ВИДЕО | Кралот Чарлс го пречека Зеленски во дворецот Виндзор, потоа и Стармер во премиерската резиденција
Кралот Чарлс III денеска го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во замокот Виндзор, кратко пред новите разговори на украинскиот лидер во Лондон со европските лидери за зголемување на притисокот врз Русија, објави Скај њуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ова беше трет пат оваа година 76-годишниот монарх да го угости Зеленски.
This morning, The President of Ukraine, Volodymyr @ZelenskyyUa, was received by The King at Windsor Castle.
Arriving in the Quadrangle, The President was given a Royal Salute, before being invited to inspect the Guard.
🇬🇧🇺🇦
Сьогодні вранці у Віндзорському палаці Король… pic.twitter.com/y178C4s9Yp
— The Royal Family (@RoyalFamily) October 24, 2025
По пристигнувањето во Виндзор, украинскиот претседател беше пречекан со почесна гарда и свирење на националната химна на неговата земја.
Потоа Зеленски отпатува на Даунинг стрит на средба со британскиот премиер Кир Стармер, пред да учествува на видеоконференција со други европски лидери од таканаречената „Коалиција на волните“ за да разговараат за понатамошно зајакнување на одбраната на Украина.
Зеленски на средбата со Стармер му се заблагодари на кралот, на премиерот и на Велика Британија за поддршката на Украина.
Тој вели дека се согласува со забелешките на Стармер дека Владимир Путин не покажува намера да ја запре својата војна.
Потоа Зеленски се осврна на кампањата на напади на Москва што ја осакатува енергетската инфраструктура на Украина.
Тој рече дека Путин сака „хуманитарна катастрофа“ во Украина оваа зима.
„Не сме сами во оваа ситуација… од самиот почеток на војната, но особено сега“, рече Зеленски.
„Ви благодариме што се организиравте со сите партнери… ви благодариме што останавте со нас“, додава украинскиот лидер.
„Секогаш“, одговара Стармер.


