ВИДЕО | Кошаркарите на Њујорк се првите финалисти во НБА-лигата
Кошаркарите на Њујорк никс се пласираа во финалето на НБА-лигата откако го совладаа Кливленд кавалирс со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција во понеделник вечерта.
Препорачано
Њујорк стигна до своето прво финале во НБА од 1999 година со максимални 4:0 во серијата.
Карл-Ентони Таунс го предводеше победничкиот тим со 19 поени и 14 скокови, додека Оџи Ануноби додаде 17 поени. Ландри Шамет постигна 16 поени од клупата, додека Џејлен Брансон и Микал Бриџис имаа по 15 поени.
Њујорк со тоа стигна до својата 11-та последователна победа во овогодинешните плејоф натпревари, станувајќи само четвртиот тим во историјата на НБА што го сторил тоа. Последната екипа со таков учинок беше Голден Стејт за време на шампионската сезона 2017.
Тимот на Њујорк целосно доминираше во мечот, а прашањето за победникот веќе беше решено во првото полувреме, кое Никс го завршија со 68:49. Во еден момент од последната четвртина, водството беше дури 45 поени разлика, па тренерот Мајк Браун успеа да ги одмори главните играчи повеќе од седум минути пред крајот на натпреварот.
За Кливленд, единствен расположен беше Донован Мичел со 31 поен. Ова е прв пат од 2018 година Кливленд да биде поразен со максимален резултат во серија од плејофот.
Њујорк ќе игра во големото финале против победникот од финалето на Западната конференција помеѓу Оклахома и Сан Антонио, каде што резултатот моментално е нерешен 2:2.


