Верверичка на натпревар/ Screenshot/X

ВИДЕО | Комедија во Англија: Редари осум минути бркаа верверичка по терен

Натпреварот од 31. коло во англискиот Чемпионшип меѓу Хал и Бристол сити донесе голови и и возбудувања возбудувања, но по последниот свиреж во центарот на вниманието не беше ниту еден фудбалер туку една верверица.

Неочекуваниот „гостин“ предизвика дури два прекини на средбата. Првпат се појави веднаш на стартот од второто полувреме, во моментите кога Бристол поведе со 3:1. Играта беше стопирана неколку минути додека редарите се обидуваа да ја отстранат верверицата од теренот, што предизвика смеа и аплаузи на трибините.

Сепак, веднаш по продолжувањето на натпреварот, верверичката повторно истрча на тревникот, поради што судијата беше приморан уште еднаш да ја прекине играта. Според пресметките на англиските медиуми, необичната сцена резултирала со вкупно осум минути загубено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот