ВИДЕО | Ќерката на Дејвид Боуви вели дека не е негова копија: „Јас сум многу повеќе од неговото презиме“
Лекси Џонс, ќерката на Иман и Дејвид Боуви, неодамна го издаде својот прв албум насловен „Xandri“. Таа сподели порака во која изјави дека не ѝ се допаѓа кога ја споредуваат со татко ѝи истакна дека не е негова копија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ќерката на Дејвид Боуви. Тоа го привлекува вашето внимание, нели? Јас сум ќерка на легенда, но сум многу повеќе од неговото презиме. Тие гледаат крв, го слушаат звукот, но не можат да ме видат мене, не чувствуваат исто …“, напишала Лекси, пренесува „Дејли Мејл“.
Таа додаде дека не е тука да го прави веќе направеното, дека го сака тоа што го работи и чувствува дека веќе победила.
„Не се обидувам да одам во неговите чевли. Само се обидувам да најдам свој мир“, објасни таа. Многумина го пофалија нејзиниот деби албум и рекоа дека се надеваат дека наскоро ќе објави музички спотови.
Дејвид и Иман Боуви се венчаа во април 1992 година, а во 2000 година ја добија Лекси. Откако оваа легендарна музичка икона почина во 2016 година, Лекси призна дека имала проблеми со менталното здравје.
„Уметноста отсекогаш била мојот механизам за бегство од темнината“, рече таа претходно.


