ВИДЕО | Ким Кардашијан за животот со Канје и причините за разводот: Морав да се спасам!
Ким Кардашијан откри што точно ја натерало да поднесе барање за развод од Канје Вест по осум години брак, пренесува „Пејџ сикс“. За време на емисијата „Викај ја тато“ (“Call Her Daddy“), која се емитуваше во средата, водителката Алекс Купер ја праша која била „последната капка“ во нивниот брак, што била пресудна да поднесе барање за развод.
Препорачано
– Имаше многу работи што повеќе не можев да ги толерирам. Не ми се допаѓаше чувството кога некој зборува лошо за моите деца, баба, тетки – сите тие емоции – започна Ким.
– Ако некој се чувствува така, тогаш не треба да бидеме заедно. Премногу лични работи беа изнесени на виделина – додаде таа, осврнувајќи се на моментот кога Вест откри дека Кардашијан размислувала за абортус за време на нејзината прва бременост.
Основачката на брендот „Скимс“ понатаму изјави дека чувството на несигурност и емоционална и финансиска по природа, дополнително влијаело врз нејзината одлука да го преиспита својот брак. Таа, исто така, опишала случај кога се враќала дома и таму имало пет автомобили „Ламборџини“, а веќе следниот ден ги немало.
Кардашијан, која сега има 44 години, се сеќава дека нејзиниот поранешен сопруг автомобилите им ги давал на сите свои пријатели и дека тоа се случило повеќе од еднаш.
– Никогаш не знаеш што те чека кога ќе се разбудиш, а тоа е многу вознемирувачко чувство. Недостатокот на стабилност беше голем проблем – објасни таа.
За време на разговорот, таа го откри и својот страв дека по разводот, ќе биде исклучена од светот на модата и уметноста, во кој Вест ја воведе. Сепак, некои од нејзините најголеми проекти се случија веднаш откако ја донесе таа одлука.
– Универзумот беше тој што ми испраќаше знаци дека одам во вистинската насока. И мислам дека е многу важно, да обрнам внимание на знаците, на животот, на она што се случува и како сето тоа може да ви помогне да донесувате добри одлуки. Но, не жалам за ништо, имам четири прекрасни деца – заклучи таа.
Ѕвездата од серијата „Во чекор со Кардашијан“ изјави дека желбата да биде добар пример за нејзините деца одиграла голема улога во нејзината одлука за развод.
– Кога моето ментално здравје почнува да страда и не можам правилно да бидам родител, не можам да бидам присутна, фокусирана, тогаш барем еден од нас мора да може да го направи тоа. Морав да се спасам за да бидам подобра мајка и мислам дека кога сите ќе пораснат, ќе можат да го разберат сето тоа – рече таа.
Крајот на бракот на Кардашијан и Вест беше снимен не само во емисијата „Во чекор со Кардашијан“, туку и во неговиот документарец „Во чие име?“. Во една сцена, Ким се расплакува откако раперот, кој станал моден дизајнер, ѝ признава дека престанал да ги зема лековите.
– Твојата личност не беше ваква пред неколку години – плачеше таа додека тој ѝ кажуваше дека не земал терапија пет месеци.
На Вест, кој сега има 48 години, претходно му беше дијагностицирано биполарно растројство, но подоцна тврдеше дека има аутизам.
Инаку, раперот се ожени со Кардашијан во 2014 година и заедно имаа четири деца. Сепак, до 2022 година, по неговото сè попроблематично однесување, Ким поднесе барање за развод. Набргу потоа, Вест започна врска со Бјанка Ценсори, која визуелно личи на Ким. Двајцата се венчаа во 2023 година.


