ВИДЕО | Ким Кардашијан ѝ го спасила животот на четири пати застрелана девојка

Ким Кардашијан/Анџелина Вајли/Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тик-ток

Американската старлета Ким Кардашијан не го криела задоволството кога ја слушнала приказната за својата обожавателка, која тврди дека токму производ од линија за долна облека на Ким ѝ го спасила животот.

Анџелина Вајли, која се претставува како Нина, има 22 години и живее во Канзас Сити.

Нина објави видео на Тик-ток во кое откри дека носела мидер СКИМС во моментот кога се нашла среде пукање, додека чекала такси.

 

@honeygxd no but fr, thanks kim 😭😭🫶🏼 #fyp #foryou #gunviolence #kimkardashian #kim #skims #skimsbodysuit #gunviolenceawareness ♬ dream – 💗

– Ким Кардашијан ми го спаси животот. За дочекот на Новогодишната ноќ ме застрелаа четири пати. Таа вечер го носев нејзиниот мидер под фустанот. Тој беше толку затегнат на мене што спречи да искрвавам – рекла Нина, па додала:

„Тоа е како штит за жените. Наречете го тоа судбина или дело на Господ, јас тоа ќе го наречам Ким“.

Видеото го видела и Ким Кардашијан која го споделила на својот инстаграм-профил и напишала – „Леле“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот