ВИДЕО | Кевин Харт ја исмеа својата непрепознатлива восочна фигура: „Кој е ова?“
Познатиот комичар и глумец Кевин Харт изрази големо незадоволство од својата нова восочна фигура. Тој на социјалните мрежи објави видео од статуата што треба да го претставува, но според него и многумина други – воопшто не личи на него, пренесува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Фигурата е облечена во кожна јакна со златен ланец и стои со раширени раце, но Харт јавно реагираше дека е разочаран и дури навреден од изгледот.
„Што е ова?! Со што го заслужив ова? Ова е навреда… Кој го направил ова? Овие музеи само се обидуваат да ме расплачат. Ова мора да престане. Барам да ја направат фигурата одново!“, напиша тој.
Во коментарите, корисниците почнаа да се шегуваат на сметка на статуата. Меѓу нив беше и неговиот колега Двејн Џонсон, кој на шега напиша дека фигурата е „совршена“ и дека ништо не треба да се менува.
Многумина додаваа дека фигурата изгледа како сосема друга личност и дека е една од најлошите што ги виделе.
Спорната восочна статуа беше откриена минатата недела во музеј во сојузната држава Тенеси во Соединетите Американски Држави.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


