ВИДЕО | Кети Пери индиректно ја потврди врската со Џастин Трудо откако непознат маж ја запроси на концерт: „Да ме прашаше пред 48 часа…“
Кети Пери го прекина молчењето за нејзината наводна романса со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, откако доби изненадувачка понуда за брак од обожавател за време на нејзиниот концерт во лондонската О2 арена во понеделник. Пејачката, 41, беше видена како го бакнува и гушка 53-годишниот Трудо на неговата 24-метарска јахта „Каравел“ покрај брегот на Санта Барбара, Калифорнија, за време на викендот, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
@charl_robbins a live proposal at @Katy Perry the lifetimes tour, london night 1. sorry darren, you’re just the one who got away ❤️🩹 #katyperry #lifetimestour #lifetimestourlondon @The O2 ♬ original sound – charlotte
За време на концертот од нејзината светска турнеја „Лајфтајмс“, Кети доби понуда за брак, но мораше да ја одбие поради романсата со Џастин. Се насмеа: – Жалам што не ме праша пред 48 часа, и додаде: „Лондон, Англија, ваква си во понеделник навечер по долг ден на работа и долг ден на училиште? Не е ни чудо што постојано се заљубувам во Англичаните… но не повеќе“.
Кејти и Трудо, според „Дејли мејл“, предизвикаа шпекулации за романса уште во јули кога беа видени на интимна вечера во ресторанот „Ле Виолон“ во Монтреал, само неколку недели откако пејачката објави дека се разделува од свршеникот Орландо Блум (48). Медиумите замолчија… барем до овој викенд, кога ексклузивните фотографии од „Дејли мејл“ ја покажаа двојката како се бакнува и гушка на јахтата на Кејти.


