ВИДЕО | Калиопи и Ромео Грил повторно заедно: „Дали сте подготвени за изненадување“
Македонската музичка икона Калиопи повторно ги изненади своите обожаватели. На својот официјален инстаграм-профил, објави видео на кое е во прегратка со композиторот Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен музички соработник.
Препорачано
Во описот на видеото стои само кратка, но интригантна порака:
„Дали сте подготвени за следното изненадување?“
View this post on Instagram
Објавата веќе стана вирална, а многумина забележија дека меѓусебната хемија е подеднакво силна како и пред три децении. Посебен впечаток остави коментарот на Жељко Самарџиќ кој во коментар под објавата стави емотикони срце и чаши за здравица како поддршка за нивните идни проекти.
Потсетуваме дека Калиопи и Ромео имаат богата заедничка музичка историја. Тие заедно стојат зад некои од најголемите хитови во нејзината кариера, меѓу кои се легендарната „Бато“, „Црно и бело“ песната со која Калиопи ја претставуваше Македонија на Евровизија 2012, како и „Дона“ од Евровизија 2016.
Иако нивниот брак заврши одамна, Калиопи и Ромео никогаш не ја изгубија заемната почит и топлината. Таа често знае да каже дека животот ги разделил како партнери, но музиката ги споила засекогаш.
Дали ова видео најавува нов заеднички проект, нов сингл или нешто уште поголемо, останува да видиме. Едно е сигурно, кога Калиопи и Ромео се во студио, резултатот ретко кога поминува незабележано.


