Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

ВИДЕО | Каква убавина! Шехерезад и Сулејман Величествениот ги оставија сите без здив на црвениот тепих

Еден од најпознатите турски парови, Бергузар Корел и Халит Ергенч, неодамна се појавиле на доделувањето на наградите „Ел стајл авордс“. Нивните изданија на црвениот тепих ги воодушевиле обожавателите во Турција, но и пошироката јавност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muhabir Online (@muhabironline)


Халит Ергенч бил награден со признанието „Телевизиски перфоманс на годината“, а славниот актер и неговата сопруга Бергузар Корел, не помалку успешна актерка, добиле голем број награди претходните години на оваа церемонија.

Тие покажале совршен стил на црвениот тепих, а притоа биле беспрекорно модно координирани. По бројните трансформации, Бергузар Корел се врати на потемна боја на косата, која, всушност, и најубаво ѝ стои.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magazin Bankası (@magazinbankasi)

Нејзиниот стајлинг беше совршен, ја доловила моќта на долгиот црн фустан, со деколте кое е вистинската мерка. Бергузар направила одлична поврзаност помеѓу обетките и брошот, а малата црна чанта, црвениот маникир и шминката во подискретни тонови биле без грешка усогласени со облеката, но и со фризурата што ја нагласувала нејзината убавина.

Познатата Шехерезада е во врвна форма, а монохроматското издание совршено му прилегал на нејзиниот сопруг.

„Бергузар изгледа толку елегантно“, „Каква прекрасна и талентирана двојка“, „Колку убаво, елегантно и хармонично изгледаат. Да не ги урочат“, „Таа дури и не е многу нашминкана, а прекрасна е“, „Таа е во топ форма“, „Каква убавина“, гласеле комплиментите од Инстаграм.

Бергузар (43) и Халит, кој е 12 години постар, се запознале на снимањето на турската серија „Илјада и една ноќ“ во 2006 година. Во тоа време тој бил во брак со актерката Гизем Сојсалди. На почетокот ги криел своите чувства кон Бергузар, но со текот на времето тие станувале сè поочигледни. Халит е исто така, познат и по турската хит серија „Сулејман Величествениот“.

Бергузар ја напуштила својата долгогодишна љубов поради нејзиниот Онур (така се викаше ликот што го играше Халит Ергенч во гореспоменатата серија).

Турските глумци од познатите серии „Илјада и една ноќ“ и „Сулејман Величествениот“ станаа родители по третпат!

ФОТО | Турската актерка непрепознатлива: Го смени изгледот за нејзиниот нов проект

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот