ВИДЕО: Јувентус со голот на Локатели го урна Милан и се врати во борбата за Скудетото
Фудбалерите на Јувентус го победија Милан со 1:0 на „Сан Сиро“ во дербито од деветтото коло во Серија А со голот на Локатели во 63 минута.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со оваа победа Јуве дојде на два бода од водечкиот Интер, што воедно му овозможи да го задржи првото место со бод повеќе од „росонерите“.
Клучен момент на натпреварот се случи во 40 минута кога Тио во редовите на Милан доби директен црвен картон по прекршокот одзади врз Мојс Кин, што многу му ја задачата на клубот од Торино.
Единствениот погодок беше реализиран во 63 минута, Локатели ја прими топката на речиси 30 метри од голот, упати удар, а од противнички играч топката го смени правецот и на тој начин го измами Миранте.
Јувентус можеше да ја зголеми предноста до крајот на натпреварот, но голманот на Милан во 86 минута одлично одбрани од ударот на Влаховиќ од работ на шеснаесетникот и уште една во судиското надополнување. За тимот од Торино тоа беше прва победа на гости против Милан по речиси три години.
На табелата Интер е лидер со 22 бодови, пред Милан кој има 20, а Јувентус е третопласиран со 20.


