ВИДЕО | Јовановски: Застрашувачки е што кај младите има зголемена ксенофобија

Александар Јовановски од Хелсиншки комитет
Александар Јовановски од Хелсиншки комитет / Утрински брифинг

Во Македонија за првпат ни се случи зголемена ксенофобија и говор на омраза кон група еврејски верници кои се населија во Куманово, а по реакциите на жителите мораа да се преселат во Скопје. Хелсиншкиот комитет во своите истражувања заклучува дека во земјава има пораст на ксенофобијата, а за тоа во Утрински брифинг разговаравме со Александар Јовановски од Хелсиншки комитет.

-Она што се случуваше во Куманово е класична ксенофобија кон една религиозна група. Групата беше и физички нападната, а она што многу нѐ загрижува е што напаѓачите беа главно млади лица, вели Јовановски.

Тој додава дека сѐ започна од првиот прилог што беше објавен на телевизија во кој акцент беше ставен на нивната религиозна припадност и беше нагласено дека се екстремни верници што се поврзува со екстремизам. МВР нагласи дека групата се со легален привремен престој. Хелсиншки комитет ја повика МВР да обрне внимание оти дискриминацја по религиска основа е казниво според Устав.

Според повеќегодишните истражувања на Хелсиншки комитет, од 2016 година со бегалската криза започна посилно кревање на ксенофобијата. Ксенофобијата оттогаш постепено расте, па имавме и случај на навредување на корејски турист кој беше нападнат оти „донел корона во земјата“.

Јовановски вели дека ова е феномен кој се шири и низ светот, а не само кај нас.

-Свеста во институциите, пред сѐ МВР, е зголемена но недостасува примената на заштитата на метите на говор на омраза и сузбивање на самиот говор на омраза и чинови на омраза, вели Јовановски.

Тие што поттикнуваат говор на омраза и дела на омраза како и извршителите главно се млади луѓе. Алармантно е што младите луѓе имаат ставови кои не се базирани врз докази.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот