Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО | Јокиќ за половина час до нов трипл-дабл, Денвер врза десет победи

Кошаркарите на Денвер славеа убедлива победа над Мемфис со 139:119 и така ја продолжија победничката серија на десет натпревари.

Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието, остварувајќи нов трипл-дабл што беше негов 34-ти сезонава и вкупно 198-ми во кариерата. Српскиот кошаркар до овој учинок стигна во опуштен ритам, за само 31 минута на паркетот, без да настапи во последната четвртина.

Јокиќ натпреварот го заврши со 14 поени, шутирајќи само осум пати од игра (погоди пет), додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен 4 од 5. Во статистиката додаде и 16 скокови и 10 асистенции.

Тој беше само еден од дури осуммина кошаркари на Денвер со двоцифрен број поени. До крајот на регуларниот дел од сезоната, Нагетс ќе имаат уште два сериозни предизвици, против Оклахома на домашен терен и против Сан Антонио на гости, но веќе практично го обезбедија третото место во Западната конференција. Четвртопласираните Лејкерси имаат натпревар помалку и две победи помалку.

Најефикасен кај Денвер во 52-та победа сезонава беше Џамал Мареј со 26 поени (5/10 за три поени). Натпреварот го одбележа и Литванецот Јонас Валанчунас, кој покрај 14-те поени, го одигра својот 1.000-ти натпревар во НБА кариерата.

Камерон Џонсон постигна 18 поени, додека по 14 поени, покрај Јокиќ и Валанчунас, додаде и Кристијан Браун.

Поен помалку постигнаа Тим Хардавеј Џуниор и Брус Браун, а последен во низата двоцифрени стрелци беше Џулијан Страутер.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Атланта 122-116, Детроит – Милвоки 137-111, Орландо – Минесота 132-120, Денвер – Мемфис 136-119, Сан Антонио – Портланд 112-101, Клирси – Оклахома 110-128, Феникс – Далас 112-107.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот