ВИДЕО: Јокиќ ја урна и Минесота, центарот на Денвер за едно полувреме до „трипл-дабл“

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“)/фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Кошаркарите на Денвер славеа над Минесота со 146:112 во НБА лигата, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа нов „трипл-дабл“.

Српскиот центар на Нагетси го забележа својот 19 „трипл-дабл“ учинок сезонава, а за тоа му требаше само едно полувреме. На теренот помина нешто помалку од половина час и за тоа време забележа 20 поени, 16 асистенции и 12 скокови.

Кај Денвер најефикасен беше Мајкл Портер Јуниор со 30 поени, а за Минесота први стрелци беа Ентони Едвардс и Лука Гарза со по 19 поени.

Двете екипи се сретнаа пред два дена во Минеаполис, кога Минесота го совлада ослабениот Денвер со 128:98.

Во Западната конференција води Денвер со 38 победи и 17 порази, а Минесота е на деветтата позиција со 29 победи и 28 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот