Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО | Јокиќ блескаше и против Голден стејт, Денвер врза шест победи во низа

Никола Јокиќ и минатата вечер одигра на своето препознатливо ниво со што го предводеше Денвер до шеста победа во низа и тоа славејќи против Голден стејт со убедливи 116-93.

Клучна беше третата четвртина, во која тимот од Колорадо постигна дури 40 поени, а Јокиќ средбата ја заврши со 25 поени, 15 скока и осум асистенции.

Првата четвртина не беше вистински показател за играта на Денвер, бидејќи Вориорс постепено ја зголемуваа предноста и во еден момент стигнаа до плус седум. Јокиќ ги постигна последните поени за својот тим, па на првата пауза гостите имаа предност од пет поени.

Следуваше серија на Нагетс од девет поени по ред, но Голден стејт возврати со 11 последователни поени и повторно ја презеде контролата. По тројките на Подзимски и Порзингис, гостите имаа и двоцифрена предност, а на полувреме се замина со седум поени разлика.

Потоа следуваше вистинска експлозија на Денвер во третата четвртина и 40 поени за само 12 минути и така практично беше решено прашањето за победникот. Јокиќ, Хардвеј и Браун погодуваа од сите позиции, додека на противникот му дозволија само 21 поен во овој период.

Во второто полувреме натпреварот целосно се одвиваше според планот на тренерот на Денвер, а разликата постојано растеше. На три минути до крајот Нагетс имаа плус 20, по што стана јасно дека победата нема да им избега.

Покрај Јокиќ, Џамал Мареј постигна 20 поени, со шест скока и седум асистенции. Тим Хардвеј додаде 16, а Брус Браун 15 поени. На спротивната страна, Подзимски и Порзингис беа најефикасни со по 23 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот