ВИДЕО: Јокиќ блескаше, деби од соништата за Покушевски во НБА!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Започнаа контролните натпревари како подготовка за новата сезона во НБА лигата, Оклахома триумфираше над Сан Антонио со 108:121.

Во редовите на Сити Тандер дебитираше големиот српски кошаркарски талент кој има само 18 години, Алексеј Покушевски.

За 22 минути игра на паркетот против Спарси успеа да реализира 14 поени, осум скока и така уште на стартот покажа дека тренерот Марк Дегнолт сериозно може да смета на него.

Блескаше уште еден српски интернационалец, центарот Никола Јокиќ запиша „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 10 скока (пет асистенции) за Денвер Нагетс.

Но, тоа не беше доволно да се спречи поразот на неговиот клуб од Голден Стејт кој славеше со резултат 107:105.

Во победничката екипа Бејзмор беше прв стрелец со 13 коша, еден помалку имаше Ли.

НБА резултати, предсезона –

Кливленд – Индијана 107:104
Сан Антонио – Оклахома 108:121
Шарлот – Торонто 100:111
Милвоки – Далас 102:112
Минесота – Мемфис 105:107
Голден Стејт – Денвер 107:105
Јута – Феникс 119:105

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот