ВИДЕО: Јамал со гол од пенал во 96. минута ја спаси Барселона, Атлетико и Баерн со една нога во четвртфинале
Ефикасна вечер е зад нас во Лигата на шампионјите во која беа постигнати дури 15 погодоци на три натпревари.
Препорачано
Мрежите на „Сент Џејмс Парк“ мируваа помеѓу Њукасл и Барселона мируваа се до завршницата кога Хави Барнс во 85. Минута по едно нафрлување од десната страна ја смести топката во мрежата и погоди 1-0 и изгледаше дека домашниот состав ќе обезбеди предност за реваншот.
Сепак, Барселона во последните секунди доби пенал кој во гол го претврои Јамал за 1-1.
Баерн Минхен, пак, одигра моќен натпревар против Аталанта и со убедливи 6-0 практично го обезбеди пласманот во четвртфиналето. Германскиот гигант постигна по три гола во двете полувремиња (6-1). Во првиот дел прецизни беа Станишиќ, Олисе и Гнабри, додека во второто полувреме мрежата на италијанскиот тим ја погодија Кејн, Мусијала и уште еднаш Олисе.
Голови не недостасуваа ниту во Мадрид, каде што Атлетико со убедливи 5-2 го совлада Тотенхем и направи огромен чекор кон следната фаза. Избраниците на Диего Симеоне веќе по дваесетина минути имаа висока предност од 4-0, благодарение на головите на Љоренте, Гризман, Алварез и Ле Норманд.
Пред крајот на првото полувреме Педро Поро намали за гостите, но Алварез во вториот дел повторно ја зголеми предноста на шпанскиот тим. Конечните 5-2 ги постави Соланке во 76. минута, оставајќи го лондонскиот клуб со тешка задача во реваншот.
ВИДЕО: Ливерпул падна во Истанбул, Галатасарај сака и четвртфинале


