Израелски напад врз Бејрут / фото: Nael Chahine/MEI / Sipa Press / Profimedia

ВИДЕО | Израел го бомбардираше Либан, има загинати и повредени

Најмалку шест луѓе се убиени синоќа во израелски воздушен напад врз Кфар Дунин во јужен Либан, објави либанската државна новинска агенција (ННА).

„Непријателски авион синоќа удри во куќа во Кфар Дунин и уби шест, а повреди седум лица, кои беа пренесени во болници во Тир“, напиша агенцијата.

Во меѓувреме, поради очекуваното бомбардирање израелската армија преку социјалните мрежи нареди евакуација на жителите на малото гратче Сохмор во долината Беках на истокот од земјата.

И покрај прекинот на огнот што е во сила од 17 април, Израел продолжи да гранатира неколку региони во Либан, а проиранската милиција Хезболах продолжува да ја презема одговорноста за нападите врз израелски цели.

И покрај примирјето, убиени 14 луѓе во израелски напад на Јужен Либан

На 2 март, Хезболах го нападна Израел со балистички ракети за да ја одмазди смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од израелско-американската офанзива против Техеран. Израел одговори со масовни воздушни напади и копнена инвазија на југот од земјата.

Од почетокот на војната во Либан, 2.869 лица се убиени во израелски напади, според либанското Министерство за здравство, вклучувајќи десетици убиени откако стапи на сила прекинот на огнот.

Понатамошни преговори меѓу Либан и Израел се очекуваат во четврток и петок во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот