Бед Бани - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Излезе првиот трејлер за полувремето на „Супербоул“: Бед Бани го кани светот да танцува

Латино-ѕвездата Бед Бани со впечатливо видео снимено во неговиот роден Порторико го најави настапот на полувремето на „Супербоул“, кој ќе се одржи на 8 февруари на стадионот „Леви“ во Санта Клара. Околу еден месец пред спектаклот, музичарот со првиот трејлер испрати порака за радост, заедништво и културна поврзаност, најавувајќи дека „целиот свет ќе танцува“, пренесува „Еј-би-си Њуз“.

Видеото, објавено преку музичката платформа на официјалните организатори, е придружено со неговата песна „Незаборавен танц“ (Baile Inolvidable) и прикажува луѓе од различни генерации, култури и идентитети како танцуваат под крошната на раскошното симболично кралско дрво фламбојан – еден од препознатливите знаци на Порторико. Бед Бани, со вистинско име Бенито Антонио Мартинез Окасио, на тој начин упатува отворена покана до целиот свет да се приклучи на универзалната прослава на музиката и ритамот.

Настапот ќе биде историски, бидејќи тој е првиот соло латино-изведувач кој ќе го предводи шоуто на полувремето на Супер Боул, настан што го следат стотици милиони луѓе ширум планетата.

„Ова е за мојот народ, мојата култура и нашата историја“, изјави тој при објавувањето на веста дека ќе биде главна ѕвезда на спектаклот.

Иако во јавноста владее големо возбудување, изборот на Бед Бани предизвика и политички реакции во САД, особено поради тоа што дел од настапот ќе биде на шпански јазик. Од организаторите, пак, порачуваат дека станува збор за еден од највлијателните и најпопуларни музичари во светот и дека целта на настапот е прослава на ритамот, единството и културната разноликост, а не политичка порака.

 

Фановите разочарани: За настап со Бед Бани на „Супербоул“ ќе мора да сте повисоки од 170 сантиметри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот