ВИДЕО: Ивановски оствари национален рекорд на Македонија на Медитеранските игри

Дарио Ивановски меѓу најдобрите осум во трката на 5000 метри во Оран/Фото: Македонски олимписки комитет

Својот настап на Медитеранските игри во Оран (Алжир) го имаше и Дарио Ивановски кој во трката на 5000 метри постави нов македонски рекорди.

Нашиот атлетичар во финалната трка на која учествуваа 12 натпреварувачи го освои осмото место со време од 13:54,58 минути.

Ова е уште еден доказ на неговата извонредна форма, од Македонскиот олимписки комитет веруваат дека Олимпискиот стипендист ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Летните Олимписки игри во Париз 2024.

Тој водеше на почетокот од трката, но потоа забави со темпото и беше престигнат од останатите конкуренти.

На првите две позиции се најдоа Мароканците Суфијан Букантар и Мохамед Фарес, а третопласиран беше Италијанецот Итало Квацола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот