ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Таравари: Ако одиме заедно на избори ќе и направиме штета на СДСМ

Арбен Таравари - претседател на алијанса на албанците / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Ние кои сме дел од власта сме ја разгледувале и оваа опција да одиме сите заедно. Ако одиме сите заедно мислам дека априори и правиме штета на СДСМ. Овој вординг што се користи во последно време особено од ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларазира општеството. ВМРО-ДПМНЕ декларативно зборува дека е за европска Македонија дека први го промовирале тоа деведесеттите, меѓутоа практично како делува на терен не остава таков впечаток. Не сакам да помислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пречка за понатамошно вклучување на Македонија во ЕУ- вели Арбен Таравари, лидер на Алијанса на Албанците во интервју за утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

Според Таравари СДСМ треба да си собере сите проевропски македонски партии и да си направи кампања.

-Ние албанските партии треба да смислиме опција како помалку блокови да имаме или една заедничка, што е невозможна мисија, најмногу два. Алијанса е одлучувачки фактор во моментот. Ако оди Алијанса со ДУИ најверојатно ќе има 4/5 од вкупниот број на албански пратеници. Ако оди со опозицијата ќе има над половина, ќе се случи промена во албанскиот блок и за првпат се победи ДУИ. Ако оди АА сама, со одредени помали албански партии тогаш ДУИ повторно ќе победи и тогаш ќе имаме три блока што не е добро“, заклучи претседателот на Алијанса за Албанците.

 

Целото интервју погледнете во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот