ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ: Рибароски: Има градежна експанзија, а геодетите немаат работа, српските колеги ни се чудат

Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи/Фото: Слободен печат

Најголем дел од приватните компании кои се занимаваат со геодетски работи се на работ на опстанокот, иако во Македонија секојдневно никнуват станбени згради и има јавни инфраструктурни проекти. Ова според претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибароски е поради погубните политки во овој сектор.

– За одредени објекти што се градат од јавен интерс, законот пропишува Државниот катастар да ги извршува работите. Е сега замислите, имате приватен сектор во една дејност, а државниот сектор му е конкуренција. Што се однесува пак, до градењето згради, инженерската геодезија никаде не е прошишана со закон, иако се прават обиди да се пропише, но на начинот како што тоа го прави Агенцијата за катастар, за нас е неприфатливо. Бараме предлог-законите од нашата сфера да бидат вратени назад и ние, како Комора да бидеме вклучени во нивноо креирање – изјави во интервјуто за „Слободна ТВ“, Рибароски.

Тој вели дека и нивните колеги од Србија не можеле да сфатат како компаниите за геодетски работи во Македонија се во криза.

– При мојата неодамнешна посета на сродната комора во Белград, би сакал да ја цитирам нашата колешка сопственик на тамошна голема фирма која рече дека независно од глобалните проблеми, во Србија, за геодезијата нема криза. Кога јас кажав дека геодетскиот сектор во Македонија е во криза, таа ме гледаше чудно и ме праша: „Па добро, дали кај вас е се изградено што немате работа?“- вели Рибароски.

Рибароски деновиве го актуелираше проблемот со покаченитецени што Агнцијата за катастар ги наплаќа кон нив, а тие пак, не може да ги зголемуваат цените кои се пропишани во Тарифник од 2014 година.

– Во 2019 година Комората, состави работна група и состави нов тарифник, кој го доставени до Агенциајта. До денес тој тарифник ја нема видено светлината на денот, под изговор дека истиот не е изготвен според методолигија. Пред два месеци пак ја повикавме Агенцијата, да си даде свои претставници во работната група, да видиме што е спорно во таа методологија и да донесеме нов тарифник – вели Рибароски.

Вчера пак, прес-конференција одржа директорот на Катастар, Борис Тунџев, на која се обиде да упадне и Рибароски, но беше исфрлен со обезбедување. Го прашавме и зошто го направи тој упад, зарем не можеше да договори средба со директорот?

Видео на денот