ВИДЕО ИНТЕРВЈУ на Стево Пендаровски за „Слободен печат“: Отворен Балкан да ни е напомош зимава

Стево Пендаровски, претседател на РСМ/Фото: Слободен печат

Периодот што следи ќе биде многу тежот за државата, но излезот и стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава го гледа во регионалното вмрежување и во помош во рамки на иницијативата Отворен Балкан, вели претседателот Пендаровски.

Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската Унија? – рече претседателот на Република Северна Македонија во вчерашното интервју за „Слободен печат“.

Во разговорот со новинарот Зоран Иванов, Пендаровски зборуваше за домашните политички збиднувања, за надворешната политика, проблемите во правосудството, за партизираноста на институциите како и за глобалните безбедносни случувања.

„Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина,“ вели претседателот Пендаровски.

Во контекст на актуелнте безбедносни прашања околу војната во Украина, но и релациите на нашта земја со партнерите на НАТО алијансата, Пендаровски истакна дека Северна Македонија е безбедна држава и граѓаните треба да бидат спокојни, појаснувајќи дека за тоа е заслужно нашето членство во Северноатланскиот сојуз.

– Надлежните институции будно ја следат состојбата со случувањата во Украина. Проценките се дека војната, за жал, ќе продолжи и зимава, но засега не се очекува некаква деескалација на кофликтот. Клучните меѓународни фактори и на нашите институции соработуваат во секоја насока за безбедносно економските случувања во Еропа – вели тој.

На прашањето што ги очекува граѓаните во однос на енергетската и економската криза, Пендаровски рече дека периодот што следи ќе биде многу тежот за државата, но излезот и стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава го гледа во регионалното вмрежување и во помош во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

– Договорот, што се уште е во подготовка, Србија да ни помага со природен гас а ние да и помогнеме со струја, иако не е направен во рамките на Отворен Балкан го гледаме како шанса за енергетска стабилност на земјава. Сепак, тука сакам да истакнам дека Србија е во теснец во договорот со руски Газпром, бидејќи овој енергетски гигант ги бара сите детали – од испорачувањето на енергенсот, па се до тоа кој ќе биде последниот корисник. Тука постојат правни дилеми кои се обидеуваме да ги пребродиме со цел граѓаните, но и компаниите бидат задоволни, а државата да го преброди овој тежок период – оцени Пендаровски.

(Повеќе од ексклузивното интервју на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ќе можете да го погледнете во видеото подолу).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот