ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Дончо Герасимовски: Новата територијална организација треба да го реши проблемот на нерамномерниот развој

Дончо Герасимовски, демограф/Фото: Слободен печат

Новата територијална организација треба се прави многу внимателно, професионално, со екеперти докажани во својата облест и со интердисциплинарен пристап на иснтитуциите, затоа што општините треба да ги задоволат потребите на граѓаните во однос на економијата, здравството, образованието, инфраструктурата, како и во секој друг сегмент од општественото живеење, порачува во интервју за „Утрински печат“, Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика и два пати учесник во територијалното организирање на државата.

– Има нерамномерност и нееднаков развој на општините. При креирањето на новата регионална организација треба да се следат квалификациите, стнадардите и дефинициите од Резолуцијата што ја донесе Европскиот парламент во однос на регионалните политики што треба да се водат во една земја – објаснува Герасимовски.

Тој вели дека малите, рурални општини ги немат сите оние инструменти кои согласно законот треба да функционирааат.

– Имате општините со над 65 населени места, а 90 отсто од населението е концентрирано во град. Каков регионален развој ќе имате тогаш? – прашува Герасимовски.

Во моментов имаме 80 општини, а во Министерството за локална самоуправа се работи на нов модел на територијална организација на локалната самоуправа.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот