ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Ангела Будиновска, психолог: И семејното дружење може да влијае врз бројот на убиствa

Ангела Будиновска - психолог / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во текот на јануари во Македонија се регистрирани 6 убиства, што е мошне висока бројка за нашите простори, особено доколку се спореди со статистиката од минатите години.

– Toкму овој јануари беше ставен поголем медиумски акцент врз бројот на убиствата. Не велам дека статистиките не се точни, туку се пренагласени. Е сега кои би биле причините за тоа? Јануари е месец кога сите се дома, луѓе си доаѓаат од странство и го поминуваат одморот со најблиските, време е на продолжени одмори, колективни одмори и тогаш лиѓето се во една да кажам тесна средина во рамки на семејството и домот. Тогаш е поголема веројатноста да излезат на виделина сите работи кои во секојдневието се инхибирани, односно останале неискажани – вели психологот Ана Будиновска.

Во нејзиното интервју во „Утрински печат“, таа потенцираше дека нарушената психа би можела да биде надразнета или предизвикана и од надворешни фактори, но и од медиумите кои понекогаш неодговорно се натпреваруваат во објавувањето на т.н. црни вести.

Посебен осврт, Бундиновска има и за правилниот третман на преживеаните лица од земојотресите што неодамна ги погодија областите во Турција и во Сирија.

Целото интервју со психологот Ана Бундиновска можете да го проследите на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот