ВИДЕО: Интер гази сè пред себе во Серија А, Милан разочара против Специја
Фудбалерите на Интер ја запишаа и 21 победа сезонава во најсилното италијанско првенство откако на „Џузепе Меаца“ со 4:2 триумфираа над Сасуоло.
Препорачано
Гостите постигнаа гол во 11 минута преку Берарди, но истиот беше поништен поради офсајд. Во 41 минута Интер поведе преку Лукаку, а предноста беше зголемена во 55 минута по автоголот на Тредолди.
За 3:0 се погрижи Лаутаро Мартинез во 58 минута, намали Сасуоло во 63 минута преку Матеус Хенрике, за 3:2 стрелаше Фратеси, а конечниот епилог го постави Лукаку во 89 минута.
Тоа е веќе петта победа по ред за миланските „нераѕури“ во Серија А, седма ако ги вклучиме и победите во Купот и Лигата на шампионите.
Составот на Симоне Инѕаги моментно е на третата позиција со 66 бодови, додека Сасуоло после 15 пораз е на 13 место со 44 бодови.
Салернитана со погодокот на Кандрева ја совлада Аталанта, додека Милан ги разочара своите навивачи овојпат со гостински пораз кај Специја (2:0). Домаќините ги освоија бодовите благодарение на Висниевски (75`) и Еспосито (85`).
„Росонерите“ се на петтата позиција со 61 бод, додека победата на Специја е добредојдена во борбата за опстанок за моментно 18 место со 30 бодови.


