ВИДЕО | Инциденти на протест во Белград: насилници влетале со кола во блокадата, натепале студент и прегазиле пензионер
Српските студенти објавија дека денес, за време на одржувањето на 16-минутниот молк пред Правниот факултет во Белград, човек во автомобил се обидел насилно да помине низ раскрсницата која ја блокирале студенти и граѓаните. Насилникот излегол од автомобилот и удрил студент, а потоа со колата прегазил и пензионер, пренесува Н1.
Препорачано
Според очевидците, студентите на сакале да се тргнат за да го пропуштат автомобилот, но двајца мажи излегле од возилото и почнале да ги навредуваат, а на едно момче му удриле шлаканица.
Кога дел од присутните притрчале да им помогнат на нападнатите студенти, насилниците повторно влегле во автомобилот и со голема брзина тргнале наназад, прегазувајќи го постариот човек.
🚨Током 16 минута тишине је дошло до инцидента у којем је возач аутомобила регистарских таблица BG1070SV најпре ошамарио једног студента, а потом колима ударио човека старог скоро 90 година који је стајао на раскрсници током одавања поште. pic.twitter.com/CeENvkdvJP
— Правни у блокади (@blokadapravni) May 14, 2026
На мажот кој ја пробил блокадата и удрил пензионер му е одреден притвор од 48 часа поради постоење основи за „обид за убиство“, соопшти српското Министерството за внатрешни работи.
Уште едно газење
По инцидентот пред Правниот факултет, се случил нов обид за газење на граѓаните кои и понатаму биле на раскрсницата кај белградскиот факултет.
Во вториот случај, насилник со сив џип „тојота“ се залетал кон насобраните граѓани, а според тврдењата на студентите, извадил и метална шипка кон луѓето кои оддавале 16-минутна почит.
Još jedan pokušaj gaženja. Čovek je izvadio i motku kojom je udarao studente pic.twitter.com/O5li7YHl9o
— Luka Pesic (@LukaPes13010586) May 14, 2026
Н1 објави дека истиот маж, со истото возило и со истите регистарски таблички, направил сличен инцидент и лани. Тој и тогаш излегол од автомобилот и им се заканувал со палка на граѓани на улица во Врачар.
Студентка: Колега беше однесен во полициска станица
Студентка на Правниот факултет вели дека колега, кој бил со неа, бил однесен во полициска станица за да даде изјава во својство на граѓанин, во врска со снимката од газењето, на која се гледа и студентот.
„Колегата и јас се издвоивме за да одиме до продавница, каде што нè пресретнаа тројца полицајци во цивил, нè легитимираа и мене и него, а потоа него го одведоа да даде изјава во својство на граѓанин“, изјавила таа.
Од студентската иницијатива „Правен во блокада“ на Х пишаа дека тој е „приведен“.
Наш колега је управо приведен у непосредној близини Правног факултета❗️
— Правни у блокади (@blokadapravni) May 14, 2026
Јована наведува дека полицајците не знаеле во која станица го носат студентот и дека тоа „ќе го дознаат по пат“.
Собир во Ниш
Студентите од високообразовните установи во Ниш ги повикаа колегите и сограѓаните на вечерашен собир во тој град, по повод инцидентите пред Правниот факултет во Белград.
Како што е објавено на Инстаграм, собирот е закажан во 19 часот пред зградата на Основниот суд.
„Нема да молчиме за газењата. Нема да се повлечеме. Јасно порачуваме: ќе одговарате пред законот“, порачаа студентите во повикот за собирот.


