Евангелос Маринакис/EPA/GEORGIA PANAGOPOULOU

ВИДЕО | Инцидент на финалето во Евролигата: Газдата на Олимпијакос се степал со поранешен советник на грчкиот премиер

Сопственикот на Нотингем форест и Олимпијакос, Евангелос Маринакис, се најде во центарот на инцидент за време на натпреварот меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид во Евролигата, кој грчкиот тим го доби со 92:85.

Според информациите на грчките медиуми, Маринакис влегол во вербална и физичка пресметка со Григорис Димитрадис, поранешен советник на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи како двајцата разменуваат навреди од спротивни страни на заштитната ограда, додека обезбедувањето се обидува да спречи поголем инцидент.

Во снимките се гледа и дека Маринакис е со искината маица, а на лицето има видливи повреди, што дополнително ги подгреа реакциите во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот