ВИДЕО | Инцидент на аеродромот во Вилнус – авион на „ЛОТ“ излета од пистата

Авион на полската компанија „ЛОТ“ денеска излета од пистата откако слета на аеродромот во литванскиот главен град Вилнус, но според првичните информации, ниту еден од патниците не е повреден, пренесоа локалните медиуми.

Авинот „Ембраер E170STD“ долетал во Вилнус од Меѓународниот аеродром Шопен, пренесе LRT.

„Авион на компанијата LOT кој пристигна од Варшава излезе од пистата додека рулираше кон зградата на аеродромот“, изјавил претставникот на Управата за литвански аеродроми, Тадас Василијаускас.

На снимките од сајтот „Flightradar24“ се гледа авионот кој се наоѓа на северната страна од аеродромот во Вилнус, опкружен со неколку сервисни возила, вклучувајќи и противпожарно возило.

Како што соопшти Управата на литванските аеродроми, патниците веќе го напуштиле авионот, а при инцидентот никој не бил повреден.

Пистата на аеродромот во литванската престолнина ќе остане привремено затворена барем до 17 часот, а авионите се пренасочуваат кон други аеродроми, пренесе литванскиот јавен сервис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот