ВИДЕО | Илон Маск отвори погон на „Тесла“ во Германија: Вниманието го „украде“ однесувањето на милијардерот!

Фото: Профимедиа

Погонот на „Тесла“ официјално е отворен во Германија. Илон Маск вчера официјално го отвори првиот производствен погон на „Тесла“ во Европа бидејќи компанијата настојува да го намали притисокот на своите други погони во САД и Кина.

Меѓутоа, медиумите ширум светот пишуваат за тоа што основачот на „Tесла“ правел на отворањето.

Маск бил забележан како танцува (рапува) додека ја најавува испораката на првите автомобили на „Тесла“ со германско производство за 30 клиенти и нивните семејства во фабриката на прозводителот на автомобилот која вреди 5 милијарди евра.

„Ова е прекрасен ден за „Tесла““, изјавил Маск, пред да го поздрави покренувањето како „уште еден чекор во насоката за одржлива иднина“, пренесува Ројтерс.

Директорот на „Tесла“ го оживеал сеќавањето на покренувањето на фабриката во Шангај во 2020 година, каде што покажал и некои од своите танцови способности.

Илон Маск на крајот од еуфоријата поради првата испорака на „Тесла“ автомобилот од Европа па на Твитер објавил: „Danke Deutschland“ (Благодарам, Германија), а на речиси 170.000 луѓе им се допаднал неговиот твит на германски јазик.


Инаку, во полн капацитет фабриката би требала да произведува по 500.000 автомобили годишно, значително повеќе од „Фолсваген“ кој лани ширум светот продаде 450.000 електрични возила на батерија.

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

ФОТО | Колку деца има Илон Маск?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот