И во Кочани имало протест со огнови, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите
Слично како блокадата на патот Битола-Ресен, попладнево група луѓе излегоа на протест и во Кочани, во населбата Трајаново Трло. Тие се незадоволни откако полицијата им ги запленила автомобилите кои ги возеле без возачки дозволи, јавува Радио Кочани.
Препорачано
На собирот биле запалени гуми на улицата „Цветан Димов“, што предизвикало кратка, но тензична интервенција на надлежните служби. Пожарникарите и полициските екипи брзо реагирале, го изгаснале огнот и го прекинале протестот.
Надлежните институции најавуваат соодветна постапка, оценувајќи дека ваквиот начин на искажување револт претставува нарушување на јавниот ред и мир и кривично дело.
Истовремено, околу 200 луѓе го блокираа патот Битола–Ресен на излезот од Битола, целосно запирајќи го сообраќајот. Блокадата беше поставена кај местото познато како „Ромска населба“, со палење и поставување гуми на коловозот. Преку протестот, граѓаните реагираат на тоа што полицијата од тројца од нив одзела три автомобили, поради возење без регистрација и без возачка дозвола.
ВИДЕО | Група луѓе запалија оган на патот Битола-Ресен, не пуштаат никој да помине


