Протест на граѓани и блокада на патот Битола-Ресен / 3 февруари 2026 г. / Фото: 4news.mk / скриншот

ВИДЕО | Група луѓе запалија оган на патот Битола-Ресен, не пуштаат никој да помине

Сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен попладнево е во комплетен прекин поради протест на неколку стотици граѓани, кои поставија блокада на излезот од Битола кај т.н. „Ромска населба“ околу 16 часот и 30 минути.

Тие палат гуми и дрва на коловозот и спречуваат кој било да помине. Во меѓувреме, учесниците во блокадата објавуваат видеа од протестот на социјалните мрежи. Возачите се пренасочуваат на околните селски патишта.

Според првичните информации кои ги објавија локалните медиуми, причината за протестот не е најјасна, но таа е поврзана со измените во Законот за сообраќај и конкретно со возачките дозволи. Полицијата пристигнала на местото и се очекува да го регулира сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот