2 C
Скопје

Видео I Вевчански карневал: Василичарите продефилираа со маски, се судрија со полицијата, има и приведени

„Бугарски фашистички окупатор”, руската вакцина „Спутник”, служба за дезинфекција, легална продажба на марихуана, мексиканци, пирати, специјалци, беа само дел василичарските маски што продефилираа низ вевчанските улици. Годинашното карневалско издание се разликува од претходните поради мерките за заштита од коронавирусот.

Под силно полициско обезбедување и со по две маски, една за заштита од ковид-19, а другата василичарска, ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажуваат од скоро 15 вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал.

Василичарите кои тргнаа од почетокот на селото, според планираното, продефилираа до центарот на Вевчани каде изостана традиционалното оро, но во еден момент имаше судир со полицијата, која сакала да спречи соединување на неколку помали групи во една поголема.

На Фејсбук профилот насловен како Македонски национален фронт е „закачено“ видео со опис – „инциденти на карневалот во Вевчани, полицијата сака да го растури карневалот. Вевчанци пружаат отпор, ќе биде интересно вечерва“.

Прочитајте и...  Општина Аеродром: Презентација на платформата „Аеродром - прва општина со европско знаменце"

Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала се оградија од организацијата, а Општината пред речиси еден месец го откажа културно-забавниот дел.

– Никој не може да ги спречи, поединечни маски сигурно ќе има. Не верувам дека ќе дојде до инцидент да се наруши јавниот ред и мир. Немаме никакви ингеренции во делот на организација на карневалот, изјави градоначалникот Сашо Јанкоски.

Преку маски, самостојни или групни, на сатиричен начин вевчанци ги прикажуваат настаните што ја одбележале годината што измина, но и упатуваат пораки до институциите за одредени прашања. Тоа не изостана ниту годинава. Велат дека низ вековите се соочиле и со други пандемии како колера и лепра, но тоа не било причина да се прекине традицијата.

Прочитајте и...  Штајнмаер: Инаугурацијата на Бајден е големо олеснување за многу луѓе

– И оваа година како и секоја продолжуваме. Ковид ни наложи да сме малку поизменети, но остануваме исти. Годинава василичарите за првпат носат по две маски, една василичаска и една за заштитна од коронавирусот. Ќе ги запазиме протоколите. Се ќе мине во најдобар ред. Ниту во колера и лепра не се откажал карневалот. Бил страшен и комунизмот и фашизмот, но василичарите излегле. И денеска, покрај сите притисоци, Василичарите излегуваат, истакна еден василичар.

Угостителските објекти се исполнети до последното место.

– Ги почитуваме мерките, се одржува дистанца, средства за хигиена има доволно. Не е тешко да се одржува редот. Вевчанци се дисциплинирани, кога ќе им се каже нешто се почитува, вели Наташа Мурџеска угостител од Вевчани.

Прочитајте и...  Иницијатива против урбано дивеење: Не сакаме облакодери во Ѓорче Петров

Карневалот е нешто свето за вевчанци. Тие секоја година во голем број излегуваат маскирани и според обичаите по дефилето низ улиците продолжуваат во домовите од каде го „бркаат лошото”. Традиционално дел од манифестацијата се зетот и невестата, музичарите, глупавите августи и ѓаволите.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат. Вевчанци ќе кажат се, но маските ги чуваат во тајност до карневалското дефиле. Традиционално карневалот почнуваше со дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

Поврзани вести

Собранискиот спикер Џафери го прими австрискиот амбасадор Вуцас: Силна поддршка за спроведување на реформите

Слободен печат

Белгија бара забрана за несуштинските патувања на ниво на цела ЕУ

Слободен печат

Општина Аеродром ја презентира платформата за практикување на европски стандарди

Слободен печат

Занаетчиите со барање: Да бидеме опфатени со петтиот пакет антикризни мерки

Слободен печат

Мицкоски: Толку се неспособни што и подарени вакцини не може да ги применат

Слободен печат

Коронавирусот одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна

Илинка Иљоска

Остави Коментар