ВИДЕО I ОН: Околу 200 демонстранти во обрач на безбедносните сили на Мјанмар

Фото: youtube/printscreen

Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОН) изразува загриженост за судбината на околу 200 демонстранти кои паднаа во обрач на безбедносните сили на Мјанмар.

– Длабоко сме загрижени за судбината на околу 200 мирни демонстранти, вклучувајќи и жени, кои се опколени од силите за безбедност во Јангон и на кои им се заканува апсење и злоставување. Ја повикуваме полицијата да им дозволи да заминат безбедно, наведе на Твитер, високата комесарка за човекови права на ОН, Мишеле Башеле.

Демонстрантите се опколени денеска во еден кварт во Јангон, додаде таа и сподели дека постојат информации дека полицијата веќе уапсила дел од луѓето.

Протестите во Мјанмар траат од 1 февруари, кога војската ја смени цивилната влада, воведе „полициски час“ во неколку градови и забрани собири со повеќе од пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот