ВИДЕО | Хрватска „пукна“ петарда, Шкотска продолжи да победува, Фернандеш обезбеди триумф за Португалија
Репрезентацијата на Хрватска стигна до втората победа во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство откако денес убедливо ја победија Летонија со 5:0.
Препорачано
Хрватите не дозволија никако изненадување и натпреварот го решија уште во првото полувреме кога со головите на Петковиќ во втората, Иванушец во 13-тата и повторно Петковиќ пред крајот на првите 45 минути имаа сигурна предност од 3:0.
Во вториот дел Крамариќ и Пашалиќ ги поставија конечните 5:0. Хрватска со овој триумф се истакна како главен фаворит за првото место во групата посебно по ремито на Турција со Ерменија 1:1.
Шкотска која е најпријатното изненадување во овој циклус продолжи да доминира во групата А каде што е и Шпанија која денес ја победи Грузија со 7:1 во единствениот натпревар во терминот од 18:45 часот.
Шкотска го совлада Кипар со 0:3 и така дојде до петтата победа во исто толку натпревари. Шкотите во тие пет средби постигнаа 12 голови, а примија само еден.
Победа вечерва оствари Португалија која ја совлада Словачка со голот на Бруно Фернандеш. На останатите средби БиХ славеше со Лихтенштајн со 2:1, додека Луксембург го совлада Исланд со 3:1.


