Фото: Принтскрин / ТикТок

ВИДЕО | Хрватска инфлуенсерка доживеа незгода на Малдиви: Објави видео како плива со ајкули откако една ја каснала

Хрватската инфлуенсерката Ела Јерковиќ (28) неодамна доживеала драматичен инцидент на луксузниот одмор на Малдиви кога ја каснала ајкула.

Имено, за овој настан проговори нејзината колешка Нера Николиќ во видео кое го објавина ТикТок, покажувајки кадри од повредената рака на Ела.

„Се најдовме на едно од највозбудливите патувања. Овие ајкули обично не напаѓаат луѓе и се хранат со риби и лигњи. Ни беа дадени строги упатства за однесување, како да не им ставаме прсти во уста или да ги провоцираме. Околу нив пливавме три часа, а бидејќи некој постојано скокаше, можно е да сме ги вознемириле, што доведе до инцидентот. Девојката која беше касната од ајкулата не го почувствува каснувањето додека беше во морето. Меѓутоа, кога почна да се качува на бродот, забележавме крвава рака, а нејзината реакција беше ‘Само не кажувајте на мојот пријате дека ова се случи’“, објаснила Нера.

@nera_nikolic Replying to @lenka? ♬ Lepotica i zver – Dabi Man

„Останатите почнавме да врескаме, бидејќи да ми се случеше тоа, сигурно ќе бев во шок“, додала Нера, заедно со видеото на кое се гледа во каква состојба е раката на Ела по каснувањето.

Откако Нера Николиќ го објави видео од Малдивите, Ела потврди дека се работи за неа и објави видео од нејзиното пливање со ајкули на својот инстаграм-профил.

„Гриц“, напиша Ела на видеото, на кое се гледа како плива со маска за нуркање опкружена со ајкули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот