ВИДЕО: Храбрата Унгарија му зеде бод на светскиот шампион
Репрезентативците на Унгарија одиграа 1:1 во второто коло на Евро 2020 против фаворизираната Франција. Франција која е актуелен светски шампион, во натпреварот на исполнетата до последно место „Ференц Пушкаш“ Арена влегоа како апсолутни фаворити, но не успеаја да ја оправдаат оваа улога. И покрај ремито „триколорите“ со освоениот бод обезбедија пласман во осминафиналето, додека Унгарија ќе има можност во последното коло да направи ново чудо против Германија.
Во првото полувреме, француските фудбалери доминираа, имаа неколку одлични шанси преку Мбапе и Бензема, но не успеаја да го совладаат унгарскиот голман Гулаши. Французите се одлучија да играат на посед на топката, додека Унгарците на контранапади и во првото полувреме ја искористија единствената сериозна шанса. Во втората минута од судиското продолжение Фиола го совлада Лорис и предизвика ерупција на водушевување на трибините.
Франција успеа да се врати во игра во 66 минута со голот на Антоан Гризман. До крајот на натпреварот и двете репрезентации не успеаја да постигнат гол по што мораа да се задоволат со по еден бод.
Во третото коло од групата Ф, Франција ќе игра против Португалија, додека Унгарија се среќава со Германија.