ВИДЕО: Холандија последна европска репрезентација која обезбеди директен пласман на СП во Катар

Холандија е десеттата европска репрезентација која обезбеди настап на Мундијалот/ фото. EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Селекцијата на Холандија со победата од 2:0 над Норвешка го освои првото место место во групата Д и стана десеттата европска репрезентација која обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

„Лалињата“ пред последниот натпревар во квалификациите со Норвешка влегоа со предност од два бода на табелата пред вечерашниот противник и пред селекцијата на Турција, и со головите на Бергвајн во 84 и на Депај во судиското продолжение, славеше со 2:0 и го визира пасошот за Катар.

Турција победи на гостувањето кај Црна Гора со 1:2 и го освои второто место во групата и ќе игра во баражот идната година.


Во групата Д беше познато дека Франција ќе биде прва во групата, но до последното коло во квалификациите не се знаеше дали Украина или Финска ќе играат во баражот. На крајот, втора шанса да се најдат на Мундијалот доби Украина која со 0:2 победи на гости кај БиХ, додека Финска со истиот резултат загуби од Франција.


Селекцијата на Велс со ремито од 1:1 против Белгија го освои второто место во групата Е и си обезбеди учество во баражот.

Резултати:
Група Д
Финска – Франција 0:2
БиХ – Украина 0:2
Табела: Франција 18, Украина 12, Финска 11, БиХ 7, Казахстан 3.

Група Е
Велс – Белгија 1:1
Чешка – Естонија 2:0
Табела: Белгија 20, Велс 15, Чешка 14, Естонија 4, Белорусија 3.

Група Г
Холандија – Норвешка 2:0
Црна Гора – Турција 1:2
Гибралтар – Летонија 1:3
Табела: Холандија 23, Турција 21, Норвешка 18, Црна Гора 12, Летонија 9, Гибралтар 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот