Фото: Инстаграм/„Жељо“

ВИДЕО | Хит на мрежите: Новак Ѓоковиќ пред натпреварот во Зеница свратил на ќебапи во Сараево

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ престојувал во Сараево, каде што ја посетил познатата ќебапчилница „Жељо“ пред натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Италија.

Од овој угостителски објек се огласиле на социјалните мрежи и споделиле видео од средбата со еден од најголемите спортисти на денешницата.

„Сараево – град на шампиони. Добредојде Новак Ѓоковиќ“, напишале во описот на видеото.

„Денеска е посебна чест, на гости ни беше шампионот Новак Ѓоковиќ“, навеле од „Жељо“.

Ѓоковиќ синоќа во живо го следел натпреварот помеѓу БиХ и Италија на стадионот Билино поље во Зеница, каде што репрезентацијата на Босна и Херцеговина оствари историски успех и се пласираше на Светското првенство.

Пред да оди во Зеница, српскиот тенисер поминал време во Сараево, каде што ја посетил познатата ќебапчилница.

Неговата посета брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што се редат коментари и реакции.

„Со чесност и чист образ можеш да одиш каде што сакаш“, „Кога смееш меѓу луѓе без горили, мој Ноле, го имаш најголемиот медал што еден човек може да го освои“, напишале луѓето во коментарите.

На видеото што го објавија, се гледа како Ѓоковиќ срдечно се фотографира со вработените, со опуштена атмосфера и насмевки.

Ѓоковиќ неодамна објави фотографија од капитенот и напаѓач на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на Инстаграм со пораката: „Браво, Един, браво, БиХ“, јасно покажувајќи за кого ќе навива.

Историска ноќ во Зеница: Босна и Херцеговина оди на Мундијалот, кошмарот на Италија нема крај

 

ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот