Ахмед ал-Ахмед/Фото: Kevin Manning / Actionplus / Profimedia

ВИДЕО | Херојот од масакрот на плажата Бонди доби еврејско признание во Њујорк

Ахмед ал-Ахмед, кој на 14 декември се соочи и разоружа еден од терористите кои отворија оган на прославата на Ханука на плажата Бонди во Австралија, убивајќи 15 лица, беше почестен во средаѕс вечер на настан од добротворната организација „Колел Чабад“ на Менхетен за неговиот херојски чин, при што изјави дека едноставно ја исполнувал својата „должност како човек “.

„Ја извршувам својата должност. Помагам и спасувам… Чувствував дека е моја должност како човечко суштество. Да помагам, да ги заштитувам луѓето“, нагласи 43-годишниот австралиски државјанин од сириско потекло, кој беше сериозно повреден во обидот да го одземе пиштолот од терористот. На крајот, тој успеа, спречувајќи понатамошни загуби на животи.

„Мојата цел беше едноставно да му ја земам пушката и да го спречам да убие едно лице, а да не убие невини луѓе. Знам дека спасив многумина, но ми е жал за оние што беа изгубени“, изјави тој пред неколку дена.


Како што се гледа на видео од вчерашниот настан, 43-годишникот носи еврејска кипа на главата и лонгета на раката поради операцијата, додека откри дека не може да ги користи прстите поради повредите од пукањето и се надева на брзо закрепнување.

„Искрено, ме боли. Знаете, прстите престанаа да ми работат. Не работат, но ќе се подобрат… Ми треба време, знаете, еден или два месеци, така вели докторот. Се надевам дека сè ќе биде добро“, рече тој.

Како што објавува „Њујорк пост“, херојот на Бонди доби особено топло добредојде кога на сцената го претстави рабинот Јехорам Улман од Хабадот на Бонди, таст на рабинот Ели Шлангер, една од жртвите на нападот на плажата Бодаи.

„Пред три недели, злото нè погоди. Беше во пресрет на Ханука, прекрасно неделно попладне. Се подготвувавме да ја запалиме менората, кога двајца терористи, татко и син, отворија оган врз нашиот собир.

Тие украдоа 15 драгоцени души, мажи, жени и едно 10-годишно дете. „Овие луѓе беа многу, многу блиски со моето семејство и, се разбира, еден од нив беше мојот сакан зет“, им рече Улман на насобраните.

„Постои болка. Длабока болка. Секој изгубен живот е цел свет одземен од нас. Но, тука сум и да ви кажам дека темнината нема да надвладее, нема да го намали нашето свето дело, ниту за момент“, рече тој.

Ал-Ахмед во вторникот отпатува за Њујорк за да помине време со еврејските водачи, посетувајќи го Охел Хабад Лубавич во Квинс за да го види гробот на рабинот Менахем М. Шнирсон.

Присутните на настанот – од кои некои ги загубија и најблиските во масакрот – изразија огромна благодарност до Ал-Ахмед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот