ВИДЕО: Хаверц и Чилвел за пресврт на Челси, не издржаа „чеканите“ во Лондон
Челси поразот во минатото коло од Саутемптон, им се врати на победите во Премиер лигата откако на домашен терен со 2:1 славеше над Вест хем.
Препорачано
Немаше голови во првото полувреме на стадионот „Стемфорд Бриџ“, во вториот дел од 62 минута водеа „чеканите“ со голот на Антонио.
Лондонските „сини“ успеаја да направат целосен пресврт, најпрвин израмни Чилвел во 76 минута, а конечниот епилог ги постави Хаверц (88`) после асистенцијата на Чилвел.
Тотенхем пред своите навивачи минимално го совлада Фулам (2:1), во 40 минута Хојбјерг донесе предност за домаќините од 1:0.
Позитивата ја зголеми Кејн во 75 минута, а единствениот погодок за гостите го реализираше Митровиќ во 83 минута. Победата на Тотенхем можеше да биде поголема, но голот на Ришарлисон во 90 минута беше поништен поради офсајд.
Премиер лига, 6. коло
Сабота:
Евертон – Ливерпул 0:0
Брентфорд – Лидс 5:2
Челси – Вест хем 2:1
Њукасл – Кристал палас 0:0
Нотингем – Бурнмаут 2:3
Тотенхем – Фулам 2:1
Вулверхемптон – Саутемптон 1:0
Табела:
1.Арсенал 15 бодови
2.Тотенхем 14
3.Манчестер сити 13
4.Брајтон 10
5.Челси 10
6.Ливерпул 9
7.Брентфорд 8
8.Манчестер јунајтед 8
9.Лидс 8
10.Фулам 8
—


