ВИДЕО | Хари Стајлс раскажа анегдота од Рим: Берберот, додека ме потстрижуваше, престана и извика „Имаме нов папа!“
Поп-пејачот Хари Стајлс ја сподели приказната за неверојатната низа настани што довеле до неговото појавување на плоштадот „Свети Петар“ во Рим по објавувањето на новиот папа.
Препорачано
Во мај минатата година, 31-годишниот пејач беше забележан во јавност за првпат по долго време, на првото јавно обраќање на папата Лав XIV.
За време на гостувањето на утринската емисија на „Би-би-си радио 1“ на Грег Џејмс, за да го промовира својот нов студиски албум „Kiss All The Time. Disco, Occasionally“, Хари призна дека всушност бил во италијанската престолнина за да се потстрижи, а не за прогласувањето на новиот папа.
– Кога се случи, бев на бербер во Рим. Потоа ги слушнав сите овие луѓе како викаат „Имаме папа!“ (Habemus Papam!) и луѓето едноставно почнаа да трчаат по улицата. Човекот што ме потстрижуваше, престана и рече: „Има нов Папа, има нов Папа!“ – вели Хари.
За среќа, додава Стајлс, берберот ја довршил работата пред да се упати кон толпата за да го доживее историскиот момент.
Хари се пошегува дека новиот поглавар на Католичката црква ја засенил неговата посета на Рим.
– Јас си реков: „Кој е овој што го привлекува целото внимание?“ – вели тој.
Инаку, Стајлс ќе се врати на сцена оваа година со новонајавената глобална турнеја наречена „Заедно, заедно“ (Together, Together) во седум различни градови. Тој признава дека треба и сака „повторно да се заљуби во музиката по тригодишна пауза“.
– Мислам дека кога ја завршив последната турнеја, за мене, беше доста долга и дека кога стигнав до крајот, чувствував дека пред да почнам со правење нов албум, навистина ќе ми треба силна причина зошто би направил уште еден албум. Одговорот не може да биде само „Ја завршив турнејата, па сега ќе направам уште еден албум, а потоа ќе го издадам и ќе направам уште една турнеја. Мислам дека голем дел од тоа за мене беше да обрнам малку повеќе внимание на некои други аспекти од мојот живот на кои, кога сум на турнеја подолги периоди, не сум им обрнувал толку многу внимание – вели Стајлс за радиоемисијата „Капитал Брекфаст“.
Новата турнеја на Хари опфаќа 50 концерти – во Амстердам, Лондон, Сао Паоло, Мексико Сити, Њујорк, Мелбурн и Сиднеј, од мај до декември 2026 година.

Зборувајќи за „поставувањето на сцената“, Хари беше прашан дали навистина „се бакнува цело време, а оди во диско, повремено“, реферирајќи на називот на новиот албум „Kiss All The Time. Disco, Occasionally“.
– Тоа е животна мантра! Не е здраво постојано да се зборува за диско, важни се љубовта и движењето низ животот со љубов, а потоа одвреме-навреме правењето пауза за да се забавувате, ова навистина добар начин да му пристапите на вашиот живот – рече тој.
Неговиот нов сингл „Aperture“ излезе денеска, а неговиот нов студиски албум „Kiss All The Time. Disco, Occasionally“ ќе биде објавен на 6 март.
ФОТО | По тригодишна пауза: Хари Стајлс се враќа со нов албум, фановите очекуваат светска турнеја


