Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис направи алкотест/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Грчкиот премиер Мицотакис како пешак направи алкотест за да провери како функционира

Грчкиот премиерот Киријакос Мицотакис вчера се најде на контролен пункт на сообраќајната полиција во центарот на Атина, на улиците Стадиу и Колокотрони, објави Њузауто.

Според онлајн магазинот тој пешачел до местото на настанот во придружба на министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, разговарал со полицајците кои беа на блокадата и им се заблагодарил за нивните секојдневни напори на улиците на главниот град.

Според информациите, Мицотакис претходно ручал со пријатели во близина на местото и пешачел до  пунктот на сообраќајната полиција.

Кога застанал на таму, грчкиот премиер посакал од прва рака да види како се вршат алкотестовите и самиот ја испробал постапката.

Полициските службеници го информираа Мицотакис за работењето и активностите на специјалните тимови за контрола и спречување на несреќи (OCPT), кои се засилени со дополнителен персонал од крајот на октомври, зголемувајќи го нивното присуство и проверки на патиштата, особено во часовите со зголемен сообраќај и поголем ризик од несреќи.

„Посетата на премиерот на контролниот пункт на сообраќајната полиција доаѓа во време кога проверките во рамките на оперативниот план на грчката полиција значително се зголемија, со цел да се намалат прекршоците поврзани со возење под дејство на алкохол, пребрзо возење и употреба на мобилен телефон, прашања што се клучни фактори за предизвикување сообраќајни несреќи“, пишува порталот.

Во разговорите со службениците на сообраќајната полиција, Мицотакис покажа интерес за предизвиците со кои се соочуваат во нивната секојдневна служба и ја нагласи важноста од нивното постојано присуство на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот