ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Фото: EPA-EFE/Alexander Hassenstein/POOL

Баварскиот гигант продолжи таму каде што застана, и натаму ги „гази“ противниците во најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент, Лигата на шампионите.

Баерн Минхен, актуелниот европски шампион вечерва во рамките од групата „А“ успешно ја започна одбраната на титулата откако на домашен терен убедливо со 4:0 триумфираше над Атлетико Мадрид.

Неодамна Луис Суарез го облече дресот на „јорганџиите“ и по вторпат за период од два месеци го напушта теренот понижен. Во четвртфиналето од минатата сезона во ЛШ, со поранешниот клуб Барселона загуби со дури 8:2 од германската „машина“.

Вечерва гол серијата на Баерн ја започна Коман кој во 28 минута стрелаше од непосредна близина избегнувајќи офсајд позиција откако во прав момент беше пронајден од Кимих.

Во 41 минута Коман малку се „прошета“ низ дефанзивата на Шпанците, асистираше до Горецка кој шутираше силно и прецизно во мрежата на Облак.

Третиот погодок на домаќините беше ремек дело на Толисо околу 20 метри за уште поголема предност на Германците, а првите три бода беа крунисани со уште еден гол, нова соло акција на расположениот и незадржлив Коман во 72 минута од средбата.

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

Во групата „Д“ Ливерпул среќно стигна до трите бода на гостувањето во Амстердам. Во 35 минута автогол си постигна играчот на Ајакс, Таљафико.

Манчестер сити иако беше во негатива од 14 минута против Порто, имаше успешен старт во групата „Ц“. „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола направија целосен пресврт благодарение на головите на Агуеро, Гундоган и Торес.

Лига на шампиони (сезона 2020/21)

1. коло, резултати –

Група „А“

Салцбург-Локомотив Москва 2:2
Баерн Минхен-Атлетико Мадрид 4:0

Група „Б“

Реал Мадрид-Шахтјор Доњецк 2:3
Интер-Борусија Менхенгладбах 2:2

Група „Ц“

Манчестер сити-Порто 3:1
Олимпијакос-Марсеј 1:0

Група „Д“

Ајакс-Ливерпул 0:1
Митјиланд-Аталанта 0:4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот