грабеж фото: принтскрин/видео

ВИДЕО | Градоначалникот на Ниш спречил разбојник со пиштол и со мачета да ограби драгстор

Градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, на 1 февруари лично спречил обид за грабеж во драгстор во градот, објавија српските медиуми, споделувајќи видео од инцидентот.

Според наводите, вооружениот напаѓач носел пиштол и мачета и влегол во драгстор, во која случајно се нашол градоначалникот на вториот по големина српски град. Разбојникот барал пари и заканувајќи ѝ се на вработената. Очевидци раскажуваат дека напаѓачот агресивно викал „дај ги парите!“ и „ќе пукам!“.

Во моментот кога опасноста станала сериозна, градоначалникот реагирал инстинктивно. Тој му го грабнал пиштолот од раката на напаѓачот и го фрлил подалеку, спречувајќи понатамошна закана. Инцидентот завршил без повредени.

Откако останал без пиштол, напаѓачот се обидел да ја употреби мачетата, при што истуркал каса, компјутер и дел од инвентарот во драгстор. Според сведочењата, Павловиќ успеал да го оттурне и да го исфрли од просторот.

Полицијата била известена веднаш, а Полициската управа во Ниш потврди дека лицето Љ. М. било уапсено за обид за грабеж во краток рок.

Порталот Новости ја пренесе и изјавата на самиот градоначалник, кој детално го опиша настанот.

„Се вратив дома, се пресоблеков и излегов до продавница малку пред 21 часот. Низ стаклото на продавницата ги видов срушените полици и толпата луѓе и веднаш втрчав внатре. Таму затекнав човек кој држеше пиштол пред лицето на продавачката и ѝ се закануваше дека мора да ги даде парите“, изјави Павловиќ.

Тој раскажа дека останал во објектот и по исфрлањето на напаѓачот, поради страв од можен нов напад. Според неговите зборови, мачетата била подолга од 20 сантиметри, а продавачката била негова сосетка која лично ја познавал.

„Без размислување скокнав врз него, го соборив и почнав борба за да му го земам пиштолот. Кога го земав, сфатив дека станува збор за метална реплика. Кога повторно се исправи, се обиде да извади нешто под јакната, па му го одзедов и сфатив дека е нож, налик на мачета, подолг од 20 сантиметри. Му го дадов на работникот, а напаѓачот побегна. Не сакав да го бркам за да не се врати и да ја нападне продавачката. Останав таму со неа додека не дојде полицијата, која брзо реагираше и го уапси. Веднаш го препознав кога ја видов фотографијата“, раскажа градоначалникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by portalnistv.rs (@portalnistv.rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот