ВИДЕО | Готвиме со Маја: Превртена пита од јаболка

готвиме со маја
Фото: Промо

Познатата готвачка Маја денес ни подготви интересни рецепти кои ја разигруваат фантазијата околу класичната пита со јаболка. Погледнете како Маја ни подготвува превртена пита од јаболка.

Солен карамел сос

4 лажици шеќер

2 лажици путер

4 лажици вода

1 лажичка сол

 

  1. Во сува тава ставете го шеќерот и мешајте додека се стопи.
  2. Потоа додадете го путерот а потоа и водата и посолете.
  3. Ќе добиете темно кафеав карамел во течна состојба кој ќе го префрлите во кружен калап обложен со хартија за печење (најдобро во силиконски калап).
  4. Оставете го малку да се олади.

Полнење

2 јаболка

1 круша

1 лажичка путер

1/2 лажичка Вегета Маестро цимет

1 Вегета Маестро каранфилче

 

  1. Јаболката исечете ги на кругови и извадете им ја средината.
  2. Испржете ги на малку путер додека не заруменат.
  3. Крушите исечете ги на полумесечини
  4. Овошјето наредете го врз карамелата во калапот наизменично.
  5. Посипете со цимет и толчено каранфилче.

 

Тесто

200 г брашно

1 Долчела пециво

2 јајца

½ лажичка Вегета Маестро цимет

150 г кафеав шеќер

1 Долчела лимон шеќер

80 мл О’Плант млеко од бадем

60 г несолени бадеми

1 топка сладолед за послужување

 

  1. Во сад изматете ги благо јајцата, додадете млеко од бадем, пециво и лимон шеќер.
  2. Потоа додадете го кафеавиот шеќер и изматете убаво.
  3. Додадете го брашното и кршените бадеми и убаво соединете.
  4. Смесата додадете ја врз овошјето во калапот.
  5. Ставете го во загреана рерна на 180 степени и печете околу 30 минути.
  6. Проверете со чепкалка дали е печено.
  7. Кога ќе се испече, се остава да се олади на собна температура а потоа оди во фрижидер за карамелата убаво да се стегне.
  8. Калапот превртете го и извадете ја питата.
  9. Послужете со сладолед
готвиме со маја
Фото: Промо

Пржени пити од јаболка

Тесто

2 чаши брашно

100 г путер

1 јајце

1/2 чаша ледена вода

1/3 лажичка Вегета Маестро цимет

 

  1. Од состојките замесете средно меко тесто и развлечете го во кора со дебелина од половина сантиметар.
  2. Со калап извадете четвртасти форми и полнете ги со различни полнења.
  3. Можете да ставите крем, џем, кршени наполитанки или пржено овошје со малку цимет.
  4. Превиткајте на половина за да добиете триаголници и со помош на виљушка стиснете ги краевите за да се затвори тестото. Премачкајте со вода за поубаво да се залепи тестото.
  5. Триаголниците пржете ги во врело масло, додека не заруменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот