Марлен И Брус Вилис - фото: Инстаграм/Дејли мејл

ВИДЕО | Госпоѓа Вилис, волонтер во полицијата на Лос Анџелес, е прогласена за „икона“ исто како и нејзиниот син Брус

Марлен Вилис повеќе од две децении секој вторник, среда и четврток поминува во полицијата на Лос Анџелес, а сега капетанот на станицата откри неверојатен детал за нејзиниот однос со синот.

Марлен Вилис, мајката на тешко болниот актер Брус Вилис, штотуку е главна тема во полицијата на Лос Анџелес (LAPD). Имено, оваа деведесетгодишна жена, која веќе 22 години волонтира во полициската станица во западен Лос Анџелес, е наградена со важно признание кое ѝ го врачи капетанот Рич Габалдон.

Вработените во станицата ја нарекуваат своја „маскота и икона“, а секој вторник, среда и четвртка нејзината работа е да ја проверува граматиката и да додава забелешки во полициските извештаи, пренесува „Ен-би-си“.

„Толку многу сакам да помогнам“

„Толку многу сакам да помогнам, навистина многу. Ова е моето второ семејство“, изјавила Марлен Вилис за овој медиум.

Мајката на Брус истакна и дека во рамките на полицијата стекнала бројни и цврсти пријателства за цел живот.

„Госпоѓа Вилис е исклучително важен дел од западен Лос Анџелес и полицијата LAPD. Таа овде е вистинска икона“, рекол Габалдон. Полицајците кои работат во таа станица изјавиле дека и самото присуство на Марлен знае да им измами насмевка и во најтешките денови.

Марлен И Брус Вилис – фото: Инстаграм/Дејли Мејл

„Никогаш не спомена дека славниот Брус ѝ е син“

„Мислам дека таа го претставува она најдоброто во луѓето, поединци кои веруваат во работата што ја вршат нашите полицајци и полицајки“, навела поранешната шефица на LAPD, Мишел Мур.

Марлен И Брус Вилис – фото: Инстаграм/pozainforma

Мур претходно ѝ ја врачи на Марлен наградата за волонтер на годината во рамките на LAPD, заедно со уште едно посебно признание.

„Иако не можам да ја направам полицајка, можам барем да ѝ го дадам најголемиот симбол на она што значи да се биде полицајац. А тоа е значката на полицијата на управниот центар“, рекла Мур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот