ВИДЕО: Гори Милано со „Утро е“,  омилената фолк пејачка специјална гостинка на роденденската забава на Златан

Ибрахимовиќ вчера го прослави 40. роденден/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави 40. роденден во присуство на поголем број на пријатели меѓу кои имаше доста фудбалски ѕвезди како Пол Погба.

Златан во текот на вчерашниот ден доби специјална роденденска честитка од Новак Ѓоковиќ.
„Кај си Ибра, брату? Среќен роденден. Ти посакувам се најдобро. Секако, многу среќа, здравје и успеси на фудбалските терени каде се надевам дека ќе играш уште многу години. Ја обожавам твојата балканска глава. Се надевам дека наскоро ќе се видиме“, му порача Новак преку социјалните мрежи и пријатно го изненади фудбалерот на Милан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Micalusi (@johnnymicalusi)


Сепак, изминатата вечер Златан Ибрахимовиќ беше пријатно изненаден кога на забавата која ја организираше во Милано се појави специјална гостинка, фолк пејачката Нада Топчагиќ чиј хит „Утро е“, фудбалерот ја пее буквално на секој чекор.

Оваа песна дури го одбележа и неговото појавување на музичкиот фестивал во Сан Ремо.
„Гори Милано со „Утро е““, напиша фолк пејачката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот